Компани: Се плашев за Чурлинов

750

Менаџерот на Барнли, Винсент Компани изјави дека чувствува олеснување што на терен се вратил Дарко Чурлинов после долгото лекување поради труење на крвта во јуни. Македонскиот напаѓач повеќе од четири месеци беше во болница и на лекување, а се врати за настапите на Македонија против Украина во квалификациите за ЕП и против Ерменија во пријателски меч.

Неговата приказна ме исплаши. Стравувавме за него. Се разболе, беше навистина лошо, ослабе многу, изгуби многу мускули. се предвидуваше дека нема да игра цела сезона, но мислам дека неговиот ум заедно со добрите третмани и малку среќа му помогнаа да се врати доста побрзо и да заигра фудбал. Ми олесна кога го видов повторно на терен“, додаде Компани .

Чурлинов дојде во Барнли од Штутгарт во 2022 година и одигра вкупно 13 натпревари за клубот.

 

ПретходноЦените на билетите за „Ел Класико“ достигнаа и до 2.450 евра!
СледноМинатогодишниот финалист на Вимблдон отпадна од АТП-листата