Грчкиот стратег Јанис Сферопулос дебитираше со победа на клупата на Црвена Звезда само три дена пред дербито во Евролигата со Партизан. Вечерва во меч од АБА лигата „црвено-белите“ победија со 83:72 и го задржаа максималниот учинок од почетокот на сезоната.
Воедно, ова е 37-та последователна победа на Звезда над ФМП во сите официјални натпреварувања во последната деценија.
Теодосиќ во тимот на Црвена Звезда заврши со 11 поени и 10 асистенции, Давидовац, Илиќ и Јаго постигнаа по 10, а Тоби 9 поени. Во тимот на ФМП најдобриот Степановиќ со 15 и Вокер со 16 поени.