Грчкиот ѕвер ќе остане во Милвоки за 186 милиони долари!

145

Јанис Адетокумбо го продолжи договорот со Бакс на три години. ESPN објави дека двократниот МВП се согласил на тригодишно продолжување во вредност од максимум 186 милиони долари.

Продолжувањето на договорот започнува со сезоната 2025/2026, што значи дека грчкиот ѕвер е под договор уште најмалку четири години, со можност за продолжување на уште една.

Тој ќе заработи околу 94,4 милиони долари во следните две сезони, а потоа уште 120 милиони долари за сезоните 2025/2026 година и 2026/2027 година. Доколку реши да остане по тие сезони, ќе биде побогат за дополнителни 66 милиони долари.

Во минатата сезона Адетокумбо имаше просек од 31,1 поени по меч, негов рекорд во кариерата.

ПретходноСтаврев “главен“ на мечот од ЛК меѓу Генк и Ференцварош!
СледноЛШ: Елмас и Наполи на гости во Берлин!