Полицијата уапсила 45 навивачи во нередите по завршување на финалето

339

Британската полиција соопшти дека уапсила 45 навивачи во нередите кои се случуваа синоќа по завршување на финалето на ЕУРО 2020 меѓу Англија и Италија. Пехарот беше предаден во рацето на италијанската репрезентација, која славеше по изведување на пенали.

„Голем број на полицајци останаа после мечот, им помагаа на навивачите да го напуштат „Вембли“. Тука сме да се грижиме за безбедноста на луѓето“, соопштија од полицијата.

Во Лондон хаосот настана и пред почетокот на финалето. Фановите на Англија рано тргнаа кон стадионот, дел од нив се обидоа да влезат без билети. Имаше и такви кои успеаја да ја минат заштитната играда и да дојдат до трибините, но таму го чекаше обезбедување. Имаше и неколку повредени во „бурата“ која настана пред стадионот.
ПретходноПехарот веќе е во Рим, Манчини и Кјелини први излегоа од авионот!
СледноСаутгејт: Одлуката за пеналите е моја, јас сум виновен!