Еден од најдобрите фудбалери во светот, Винисиус Жуниор денеска го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година. Ова и официјално е објавено од страна на “кралевите“ со фотографии од тоа како потпишуваат Бразилецот и првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Винисиус во Мадрид дојде во 2018 година за вртоглави 45 милиони евра, но дури по три сезони успеа да го оправда овој трансфер и сега е еден од најдобрите фудбалери не само во Реал Мадрид туку во и светот. Секако дека е стандарден член на репрезентацијата на Бразил.