Хадис Таири – Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Вардар!

181

 

Денеска во Струга со почеток од 13 часот, шампионот го пречекува Вардар. Ова е заостанатиот меч од 5.коло во ПМФЛ,  кој требаше да се игра на крајот на август, но поради европските обврски на Струга ТЛ, тогаш овој меч беше одложен.

Од таборот на шампионот се свесни дека ни во сон не смеат да помислат да одиграат така слабо како во неделата во Гостивар каде што беа поразени.

Хадис Таири, младиот дефанзивец на Струга ТЛ, кој има само 18 години, смета дека против Вардар нема да биде лесно, напротив, стружани ги чека тежок меч:

“И овој натпревар го очекуваме максимално подготвени и фокусирани. Знаеме дека нема да биде лесно. Вардар иако е последен на табелата сепак доаѓа во Струга со две врзани победи, против Работнички и Брера, затоа мораме да бидеме максимално внимателни. Ќе биде тешко, но нашата цел се само три бода и ништо друго. Стручниот штаб ни ги даде потребните информации за противникот, сега останува на нас само да ја завршиме работата на терен. Верувам дека овој натпревар ќе биде почеток на една пообедничка серија“ рече покрај другото Таири.

Струга ТЛ и Вардар досега одиграле шест официјални средби и билансот е израмнет, по два победи и два порази, како два меча кои завршиле без победник.

Во пресрет на денешниот дуел, убаво ќе биде да се потсетиме и на моменталната табела.

ТАБЕЛА

Шкупи 25, Шкендија 25,Струга ТЛ (-1) 21, Силекс 20, Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска 12, Вардар (-1) 11 бодови…

ПретходноХаланд чекаше 24 часа, а потоа објави сликата со пораката до Меси
СледноРоналдо го исмејуваше судијата, бараше да биде сменет (ВИДЕО)