Полувреме: Мрежите мируваат во Струга, шампионот со шанси а Вардар добро се брани!

189

Без голови по првите 45.минута од мечот во Струга меѓу шампионот и Вардар. Ова е оној заостанат натпревар од 5.коло кој беше презакажан за денеска.

Струга ТЛ напаѓа со сите сили, но Вардар добро се брани и издржа по првото полувреме да не прими гол.

Бојку во 24.минута имаше шанса, потоа Ибраими 33.минута, неколку минути подоцна Малиќи беше сам, но не го погоди голот на Гачевски. До крајот на полувремето Ибраими повторно се закани, во 44.минута и Радески можеше да донесе водство, но гол нема па нема.

Секако дека треба да се види гостинот од Скопје до кога ќе може на овој начин да издржи без да прими гол против големиот фаворит.

ПретходноНарачал хамбургер и помфрит, тренерот го исфрли од првиот тим
СледноТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН МАСТЕР ТУРНИР ВО ВАТЕРПОЛО „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ 2023