Судии за ПМФЛ: Штипјани на сцена, Пилешков “главен“ на Чаир, дербито во Струга за Ѓорѓиев!

1044

Штипјани на сцена. Двете големи дербија во 13.коло во ПМФЛ ќе бидат судени од двајца штипски судии. И двете средби се играат во недела со почеток од 13.часот.

На Чаир каде Шкупи го пречекува Вардар главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а супер – дербито во Струга, во кое се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија ќе биде судено од Крумислав Ѓорѓиев, исто од Штип.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 13.КОЛО – САБОТА (13 Ч)

Работнички – Силекс: Александар Ставрев (Скопје)

Брегалница – Македонија ЃП: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Тиквеш – Гостивар: Александар Грујоски (Кичево)

Воска – Брера Струмица: Фуркан Идризи (Тетово)

НЕДЕЛА, 13 Ч

Шкупи – Вардар: Димитар Пилешков (Штип)

Струга ТЛ – Шкендија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

ПретходноВенгер призна: Реал го одбив трипати, еднаш и Барса, затоа што сум лојален!
СледноФФМ донираше дефибрилатори на сите второлигаши!