“Експлозија“ во Арената во Белград: Ц. Звезда го победи Баерн, одлична партија на Теодосиќ и Јаго!

368

Конечно. Ц. Звезда победи во Евролигата и тоа вечерва во Арената во Белград и тоа против Баерн Минхен со 74:68.

Ова беше нејзин втор триумф во 6.коло во ова натпреварување, и прв триумф на новиот тренер Јанис Сферопулос. Сепак не беше лесно за “црвено – белите“, посебно ако се знае дека речиси во поголемиот дел од мечот тимот од Минхен беше подобар, имаше водство, но српскиот тим во последната четвртиа одигра одлилчно, ја доби со 21:9, го презема водството а одлучувачки потег на мечот беше “тројката“ на Јаго на 20 секунди до крајот за водство на домашните од 4 поени.

На крајот да кажеме дека најдобри стрелци на мечот беа Едвардс кај гостите и Теодосиќ кај домашните со по 16 поени.

ПретходноАрсенал сака словенечки напаѓач од РБ Лајпциг
Следно„Бомба“ од Островот: Зидан седнува на клупата на Јунајтед?! Тен Хаг добива отштета од 15 милиони фунти!