Пораз од Струга ТЛ најверојатно ќе значи и отказ за Ардијан Нухиу, а тој вели: „Не гледам криза во Шкендија!“

1694

Шкендија нема победа на последните три меча. Двапати на свој терен одигра нерешено во првенството, со Брера и со Воска со по 1:1, а беше елиминирана од Работнички во 1/8 финалето во Купот на Македонија. И кога е така, а така, тогаш јасно дека веќе наголемо се споменува криза во тимот, кој секако дека имаше амбици да дојде до дојде до двојната круна, но сега титулата во Купот е само сон.

За разлика од јавноста и фановите, тренерот Ардијан Нухиу не смета дека неговиот тим е во криза, а веќе во недела Шкендија гостува кај шампионот Струга ТЛ.

Првенството е долго и нормално е да има и вакви моменти. Криза во Шкендија? Јас не ја гледам кризата, момците играат добро, го притискаат противникот, создаваат шанси, недостасува само реализацијата“ вели Нухиу.

Инаку во јавноста се шпекулира дека од првите луѓе на Шкендија на Нухиу му е кажано дека во случај на пораз од Струга ТЛ на неделното супер – дерби, најверојатно ќе значи и разделба со него.

Исто така се шпекулира дека тетовци веќе се во завршни преговори со двајца наши тренери, кои во моментов се слободни а кои се цел на најмалку уште два клуба.

ПретходноЛампард се враќа, ќе тренира тим од Чемпионшип
СледноНовак се мачеше, но покажа зошто е најголемиот!