ПМФЛ: Работнички го “реши“ Силекс, голеада во Штип, Тиквеш иако оштетен сепак Ивановски донесе бод, Брера пак не победи! (ВИДЕО)

1300

Интересни четири меча од 13.коло во ПМФЛ се одиграа попладнево.

Работнички на Маџари, на еден тежок терен го победи Силекс со 1:0, со голот на Деспотовски. Ова беше деби победа на В.Д. Тренерот Горан Станиќ. Реално Работнички беше подобар, а мечот го заврши со играч помалку откако Влатко Стојановски доби втор жолт картон.

Брегалница по првото полувреме губеше со 0:3, за да во второто полувреме постигна два гола, Велкоски и Калпачки па така избегна катастрофа, но не го избегна поразот. Тешки моменти за штипските “сини“, сега опасно стравуваат и за опстанокот.

Во Кавадарци имаше од се по малку. Гостивар поведе со 0:2, но вториот гол беше од непостоечки пенал. Дојде до хаос на теренот, втрча и градоначалникот Јанчев. Мечот беше некоја минута и во прекин, се фрлаа и шишиња од трибините.

 

Сепак Тиквеш смогна сили и успеа да дојде до 2:2, и тоа со голот на Ивановски во 90+1.минута.

 

Брера и во деветтиот меч во серија не успеа да победи, одигра 1:1 во Охрид на гости кај Воска. Домашните поведоа со голот на Јашаровски, но Галевски успеа да израмни за бод за струмичани кои заборавија како се победува.

Утре се играат двете дербија, Шкупи – Вардар и Струга ТЛ – Шкендија со почеток од 13 часот.

 

РЕЗУЛТАТИ – 13.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:3

(Велкоски 53., Калпачки 55. /Мишевски 22., Стојков 25., Алии 44.)

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:0

(Деспотовски 54./)

ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2:2

(Спахиу 38.,Ивановски 90+1./Абдула 11., Атиемвен (п) 32.)

ВОСКА СПОРТ – БРЕРА СТРУМИЦА 1:1

(Јашароски 61./ Галевски 65.)

УТРЕ, 13 Ч

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

ШКУПИ – ВАРДАР

ПретходноХаос во Кавадарци: И градоначалникот Јанчев на терен! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Беса го победи Пелистер среде Битола и покажа кој е кој, елитата е се поблиску …