Голем проблем за Денвер – Јокиќ се повреди

830

Никола Јокиќ го повреди зглобот на десната рака, оваа вест Денвер ја соопшти пред натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс кој го игра во три часот после полноќ. Минатогодишниот МВП со мраз над зглобот го напуштил теренот по шутерскиот тренинг.

Иако имаше најави дека може да игра, сепак нема да се ризикува, па тој ќе го пропушти дуелот против Пеликанс. Јокиќ во моментов тој е најдобар стрелец на тимот со 27,4 поени, најдобар скокач со 12,7 фатени топки по меч и најдобар додавач, со 7,9 асистенции во просек. Никола има најмногу минутажа во Денвер, игра 33,6 минути и во негово отсуство целата екипа ќе треба дополнително да се потруди.

Денвер има 6-1 во првите седум натпревари од сезоната, а Њу Орлеанс има 4-2, но одлично им оди на гостински терен, откако ги победи двата дуели сезонава, против Оклахома и Мемфис.

ПретходноСилкерборг без искусниот голман против Алкалоид
СледноЛуд меч во Премиер-лигата кој траеше 113. минути