Гоце Седлоски е желбата на новите газди во Работнички!

2111

По заминувањето на Милам Илиевски од тренерската функција на Работнички, од клубот се во интензивна потрага по проверено и докажано име кое би седнало на клупата на „романтичарите“.

Промените во стручниот штаб дојдоа како резултат на слабите резултати но и само неколку дена откако турската компанија „Џеваир Холдинг“ го превзема комплетното менаџирање на клубот и ги купи акциите од Драган Поповски.

СпортСпорт дознава дека прв пик за тренерската клупа на новите газди е најтрофејниот наш стратег од актуелните кои се слободни и кои немаат ангажман. Гоце Седлоски е желбата на Работнички, а според она што се најавува до договор е можно да дојде во текот на наредните неколку денови.

Оваа сезона за „романтичарите“ може да биде спасена утре ако Работнички го мине Шкупи во 1/4 финалето од Купот на Македонија па така да останат шансите за излез на евро-сцената.

Новиот спонзор најавува екстра буџет од новата 2024 година, а за реализација на плановите му треба тренер од профилот на Гоце Седлоски кој со Вардар и Шкупи освојуваше титули а со Турново, Широки Бријег, Рига, Влазнија избори пласман во натпреварувањата на УЕФА. Покрај Седлоски во измимнатите денови се шпекулираше и со имињата на Зеко Рамадан и Срѓан Захариевски…

ПретходноКејн и сопругата за три месеци живот во луксузен хотел дале еден милион фунти
СледноНавивач на ПСЖ прободен со нож пред мечот со Милан, се бори за живот!