Мини-шоу на Јокиќ, новинарите останаа без прашања (ВИДЕО)

5574

Никола Јокиќ ги водеше Денвер Нагетс до победа над Њу Орлеанс од 134:116. Српскиот центар го запиша 108 трипл-дабл, имаше 35 поени, 14 скока и 12 асистенции, и на вечната листа ги прескокна Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ во овој поредок се Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.

По историскиот меч, Србинот се појави на прес-конференција и направи мини-шоу. Само што се појави веднаш им се обрати на новинарите.

„Знам што ќе ме прашате, па затоа одма ќе почнеме“, рече Јокиќ и потоа даде анализа на мечот и ја напушти прес-конференцијата, па новираните не можеа да го прашаат било што.

ПретходноМладите надежи во Тарагона ќе играат тест со Саудиска Арабија!
СледноПерез има резервна опција за Мбапе, навивачите на Реал се воодушевени!