Ред Бул нема да му даде „клоца“: Перез ќе вози за Австријците и следната сезона

91

Експертот на Скај Спортс, Мартин Брундл, откри инсајдерски информации кои велат дека нема сомнеж дека Серхио Перез ќе продолжи со Ред Бул и следната сезона во Формула 1.

Перез не можеше да обезбеди пласман на подиумот оваа сезона, но тоа нема да биде причина за негова смена во тимот на Ред Бул. Иднината на мексиканскиот возач беше тема на дискусија поради низата несреќни резултати. Дури се појавија шпекулации дека доколку не го обезбеди второто место во шампионатот на возачи, најверојатно ќе биде сменет. Перез е во тесна битка со Луис Хамилтон за второто место во генералниот пласман.

Брундл тврди дека Перез ќе остане во Ред Бул и претстојната сезона 2024 година, врз основа на информациите што ги добил од извори во тимот.

„Постои договор, и тие не сакаат да го менуваат, поради неколку причини. Категорично ми беше кажано – од луѓе кои знаат – дека во моментов, Перез го има местото во Ред Бул за следната година. Нема сомнеж за тоа“, изјавил новинарот.

ПретходноАдем: Имаме напорна недела, но спремни сме за Работнички
СледноГо тужела клубот за неисплатени пари кога била трудна, па е избркана од првиот тим