„Војводи“ слават 35 години, ги повикаа симпатизерите на прославата на мечот со Пелистер

728

Тетекс и Пелистер во недела, на 12 ноември ќе играат во рамките на Втората македонска лига. На овој натпревар навивачката група на Тетекс, популарните „Војводи“ ќе прослават 35 години од постоењето.

Должност на секој член и симпатизер на Тетекс е да се појави на стадион и да застане рамо до рамо заедно со нас и да ја одбележиме прославата како што е испланирано. Низ многу успеси и падови во овие 35 години од постоењето на нашата група и притисоци од сите страни успеавме да останеме на нозе! Добрите резултати на фудбалерите нека бидат уште еден дополнителен мотив да бидеш на трибина!

НЕМА ИЗГОВОРИ – НЕДЕЛА 10:00 КАМЕН!“, стои во соопштението на „Војводи“

 

ПретходноСудија на дербито Фенер-Трабзон суспендиран девет натпревари
СледноХаланд ја испочитува легендата и го одржа ветувањето (ВИДЕО)