ЖРК Ѓорче Петров славеше во Белгија, сега е на чекор до 1/8 финалето ЕХФ купот!

118

Извонредна игра и победа од 39:46 на гости во Белгија на нашиот женски евро – претставник, тимот на ЖРК Ѓорче Петров во првиот меч од 1/16 финалето во ЕХФ купот против Еупен.

Реваншот се игра во Скопје, а тоа значи дека нашиот тим речиси е на чекор до следната фаза, до пласман во 1/8 финалето во ова натпреварување.

Секако дека ова е голем успех на тимот од Ѓорче.

Инаку неверојатно е колку голови се постигнаа на оваа средба, дури 85 што е невообичаен за еден женски европски ракометен меч.

Коларовска постигна 10 голови, додека Николовска го заврши мечот со 9 погодоци.

ПретходноМихаилов: Вистинско дерби, Силекс заслужено победи, честитки за моите играчи!
СледноСлучајот “Начевски“ на повторна арбитража!