Бутел убедлив против Мулти Есенс и се приближи до плеј-офот

100

Екипата на Бутел направи важен чекор напред – настап во плеј-офот по триумфот над дебитантот во Супер-лигата и далеку помладиот тим на Мулти Есенс со 31-23 (16-10). На четири кола до крајот на групната фаза, Бутел има 18 бода и е на третото место на табелата.

И покрај тоа што тргна бавно, екипата на Бутел направи пресврт и потоа го исконтролира мечот до крајот.

Кај победничкиот тим Бојан Спасовки постигна шест гола, а Иваниќ и Јефтиќ по пет. Кај гостите по пет гола постигнаат Божидар Илиески и Олег Јорданов.

Бутел во следните четири кола, на два меча ќе играат со директните конкуренти за плеј-офот – Голден Арт на гости и во последното коло дома со Пролет.

ПретходноБодо/Глимт трет пат шампион на Норвешка
СледноСари: Мурињо е давеж, но ние си се сакаме!