Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е поразен на првиот меч од завршниот мастерс во Торино. Тој попладнево загуби од Александар Зверев со 1:2 во сетови. Интересно, ова е трет меч во серија на кој младиот Шпанец губи.
Алкараз го доби првиот сек со тајбрејк, беше 7:3, но потоа Германецот во вториот сет беше одличен и го доби со 6:3, а во решавачкиот трет сет, Зверев ги искористи сите слаби моменти на младиот Шпанец и истиот го доби со 6:4 за конечна победа од 2:1 во сетови.
Очигледно е дека Алкараз има проблем кога се игра на тврда подлога во сала, никако не може да ја пронајде вистинската форма од пред неколку месеци.