Штип УДГ ја запре победничката серија на Лирија

238

Во дербито на 5. коло на Првата одбојкарска лига во машка конкуренција, екипата на Штип УДГ успеа да слави пред своите навивачи и да и го нанесе првиот сезонски пораз на Лирија. Штипјани со голема желба за успех во централната вечерна програма во салата “Јордан Мијалков” пред своите фанови, славеа со 3:1 (25:20, 20:25, 25:18, 25:2). Ова беше трета победа за Штип УДГ со која сега се израмни на табелата по бројот на бодови со својот денешен ривал и најави атак на местата кои водат во втората фаза од шампионатот. Во четирите сета видовме голема борба и од двата тима, но домашните беа поумешни во завршницата на сетовите, освен во вториот кој им припадна на гостите од Жеровјане.

ПретходноХаос на градското дерби во Мостар: Свастика, усташко “У“, Давидова ѕвезда и пе*ис! (ВИДЕО)
СледноКрива Паланка и Астраион на врвот!