Седлоски го одржа првиот тренинг со Работнички (ФОТО)

830

Трофејниот македонски тренер Гоце Седлоски денеска го одржа првиот тренинг со својот нов клуб Работнички. Седлоски вчера и официјално беше промовиран во нов тренер на „романтичарите“ кои со новите газди сериозно се наметнуваат како клуб кој треба да се врати во врвот на нашата прволигашка конкуренција.

Седлоски денеска се запозна со фудбалерите и ги пренесе своите први замисли за начинот на кој ќе игра тимот во продолжение од сезоната.

ПретходноГи однесе во Европа, па западна во тешка криза: Отказ за тренерот на Унион Берлин
СледноМанчестер Сити остварил рекорден профит