Струмичките прволигашки екипи во женската одбојкарска конкуренција не застануваат. И Лидерот Наковски волеј и екипата на Струмица нижат победи и остануваат непоразени и по шест одиграни кола од почетокот на сезоната.
Во синоќешните дуели од шестото коло, во големото дерби Струмица успеа да го совлада шампионот Работнички со 3:1 и да им го нанесе третиот сезонски пораз на бранителките на тронот. Струмичанки одиграа одличен меч, а главната разлика ја направија во третиот сет во кој успеаа со пресврт да дојдат до предност од 2:1, која во четвртиот сет беше потврдена за победа.
Наковски Волеј кој е максимален од почетокот на сезоната вчера лесно успеа да го добие и мечот на гостувањето во Скопје против екипата на Вардар ЕМ.
За издвојување е интересното скопско дерби меѓу Јанта Волеј и Фит Фан Волеј. Гостинките уште еднаш потврдија дека имаат одлична генерација која може да изненади секого. Вчера освоија два сета и еден бод на гостувањето против вицешампионот.
Прва лига (жени) – 6.коло
Струмица – Работнички Скопје 3:1 (25:19, 16:25, 25:22, 25:20)
Вардар ЕМ – Наковски волеј 0:3 (19:25, 19:25, 18:25)
Јанта Волеј – Фит фан волеј 3:2 (25:21, 16:25, 25:17, 23:25, 15:13)
Младост УГД – Вардар 2019 3:0 (25:11, 25:18, 25:19)
ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. (18); 2. Струмица (17); 3. Јанта Волеј (11); 4. Работнички (10); 5. Младост УДГ (8); 6. Фит Фан Волеј (5); 7. Вардар ЕМ (3); 8. Вардар 2019 (0).