НБА го казни Дејмонд Грин: Суспензија од пет меча и парична казна од скоро милион долари

272

НБА го казни кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, поради неспортско и насилничко однесување на натпреварот со Минесота кога го нападна Руди Гобер.

Грин ќе ги пропушти следните пет натпревари, објави НБА. Покрај Грин, за физички конфликт се казнети и уште тројца играчи, иако само финансиски, а тоа се Клеј Томпсон, Џејден МекДаниелс и Руди Гобер.

Сите тројца ќе треба да платат по 25.000 долари во натпреварувачкиот фонд. Инаку, конфликтот започна со пресметка на Џејден МекДаниелс и Клеј Томпсон, потоа интервенираше Гобер кој почна да ги раздвојува, за Грин да го фати за врат и да ја доведе целата ситуација до вриење.

Неговата интервенција беше сосема непотребна. Грин ќе загуби и сума од 769.970 долари како казна за инцидентот. Ова е петта суспензија за Грин во кариерата.

ПретходноНов пех за Њукасл: Калум Вилсон во аут најмалку шест недели
СледноС.Б. ОД СКОПЈЕ ГО ОСВОИ СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ВЛТ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 20.890.990 ДЕНАРИ