Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во 17 часот треба да го одржи официјалниот тренинт на „Олимпико“ во пресрет на утрешниот дуел со „аѕурите“ во квалификациите за ЕП 2024.
Иако нашата репрезентација нема шанси да се пласира на континенталниот собир, сепак, навивачите од Македонија, но и од ширум Европа се подготвуваат да ги бодрат македонските фудбалери.
Во Рим ќе биде организирана фан-зона за македонските навивачи која ќе биде на Piazzale di Ponte Milvio во Рим. Таму ќе биде и зборното место на навивачите утре од 14 часот, каде се очекува да пристигнат најголемиот дел од нашите навивачи кои ќе бидат на „Олимпико“ утревечер од 20.45. Од оваа локација сите заедно ќе се упатат на стадионот.