И Хрватска оди на ЕП, Французите во Атина го расипаа перфектниот скор

834

Хрватската фудбалска репрезентација ќе ја гледаме на Европското првенство во Германија идната година. Како што се очекуваше Хрватска ја совлада Ерменија и тоа беше доволно за пласман на еврошампионатот, седми пат во историјата, а тој резултат го исфри Велс од игра.

Голот за победа го постигна Анте Будимир во 43 минута од мечот на нафрлување на Борна Соса.

„Коцкастите“ како второпласирани одат на ЕП, а првото место во групата го освои Турција која вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај Велс. Велшаните поведоа со гол на Нико Вилијамс уште во 7 минута, а изедначи Јазизи од пенал во 69. минута.

На „ОПАП Арена“ во Атина, Грција не и дозволи на Франција да заврши со 100% на успешност. До пред ова коло Французите имаа седум од седум, а поведоа со гол на Коло Муани во првото полувреме, а од 56. до 61. минута Грците го свртеа резултатот со голови на Бакасетас и на Јоанидис. Во 74 минута Фофана се погрижи за 2:2. Во финишот Французите постигнаа гол, но беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.

Од оваа група на ЕП одат Франција и Холандија. Холанѓаните вечерва со 6:0 славеа над Гибралтар.

 

РЕЗУЛТАТИ
АНДОРА – ИЗРАЕЛ         0:3
ГИБРАЛТАР – ХОЛАНДИЈА         0:6
ГРЦИЈА – ФРАНЦИЈА     2:2
ХРВАТСКА – ЕРМЕНИЈА                1:0
КОСОВО – БЕЛОРУСИЈА               0:1
РОМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА       1:0
ВЕЛС – ТУРЦИЈА               1:1

ПретходноОваа Германија е далеку од велесила – Австрија им одржа лекција на момците на Нагелсман
СледноПознати сите учесници на ЕП 2024 преку квалификациите, три места ќе се пополнат преку ЛН