Светскиот шампион Аргентина го победи Бразил со 1-0 на гостински терен во долго очекуваниот дуел од 6. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година. Стрелец на единствениот гол беше Николас Отаменди во 63. минута. Централниот дефанзивец на „гаучосите“ беше прецизен со глава по центаршутот на Џовани Ло Селсо од корнер и ја замолкна публика на „Маракана“.
Бразил заврши со десетмина на терен откако замената Жоелинтон доби директен црвен картон во 81. минута. Избраниците на Фернандо Динис дозволија да бидат совладани од гостите, кои ретко напаѓаа, но ја искористија ситуација пред голот на Алисон и ги освоија трите бода. 17-годишниот напаѓач на Палмеирас, Ендрик, дебитираше за Бразил, а Лионел Меси играше до 78. минута за Аргентина. Во следната рунда Бразил ќе го пречека Еквадор, а Аргентина ќе оди кај Чиле.
🚨🚨| GOAL: Otamendi opens the scoring!
Brazil 0-1 Argentina pic.twitter.com/xN7EjZ0riR
— TTS. (@TransferSector) November 22, 2023
Дарвин Нуњес постигна два гола, а Уругвај ја продолжи серијата победи, откако синоќа беше подобар и од Боливија со 3:0. Ова беше трет натпревар во низа на кој Уругвај слави.
Квалификации за СП 2026 (Ј. Америка)
Парагвај – Колумбија 0:1
Еквадор – Чиле 1:0
Уругвај – Боливија 3:0
Бразил – Аргентина 0:1
Перу – Венецуела 1:1