Македонските интернационалци Лука Костиќ и Ристо Николов беа поразени на гостински терен во првите 1/16-финални дуели од ЦЕВ Челинџ Купот.
Синоќа во рамките на првата рунда од главната фаза на натпреварувањето, нашиот млад репрезенттаивец Лука Костиќ и неговиот тим Рибница од Краљево (Србија) загубија на гостувањето во Финска од екипата на АКАА Волеј со 3:2. Костиќ беше еден од најдобрите на теренот и во составот на српскиот тим со 11 реализирани поени. Рибница двапати водеше (0:1 и 1:2), но на крајот домашните успеаја да се изборат за петти сет кој го добија со 15:10 и успеаја да слават на првиот меч. На реваншот во Србија, Рибница и Костиќ ќе се обидат да дојдат до победа за пласман во осминафиналето.
Екс-репрезентативецот Ристо Николов кој и оваа сезона го носи дресот на швајцарски Нефелс, имаше одлична пратија во поразот кој неговата екипа го претрпе на гости кај унгарски Фокскон од 3:2. Николов успеа да реализира 12 поени од кои 3 успешни блокади и беше еден од најдобрите поединци на средбата. И Нефелс својата шанса за пласман во осминафиналето ќе ја бара на реваншот на домашен терен.