Најголемиот заслужува и најголема чест. Имено, според информациите од Италија, се планира одигрување на пријателски натпревар меѓу Италија и Аргентина и тоа во чест на Диего Армандо Марадона, кој почина есента минатата година.
Овој натпревар би се играл во Неапол, а каде на друго место, и тоа на стадионот кој што сега го носи неговото име.
И дефинитивно е јасно дека ова ќе биде спектакл и тоа меѓу двете најдобри репрезентации на своите континенти. Италија пред неколку дена стана првак на Европа, таа титула ја чекаше од 1968 година. Додека Аргентина, исто така минатиот викенд стана првак, но во Јужна Америка, титула која ја чекаше од 1993 година.
Ова е добар начин и двете селекции, да му се одолжат на Марадона за се она што направи во фудбалот за Наполи и за селекцијата на Аргентина.