Олимпија Милано славеше во Белград, Монако ја порази Басконија

125

Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа тежок пораз на домашен терен во еден од последните денешни дуел од 10. коло во Евролигата. Олимпија Милано славеше со резултат 93:71 на гостински терен во Белград.

Домашните дефинитивно нема решение за италијанскиот шампион и на крајот го претрпеа петтиот последователен пораз во меѓусебните дуели.

„Црвено-белите“ го одиграа еден од најслабите мечеви оваа сезона и влегоа во  „машината“ и бавното темпо на Еторе Месина. На крајот гостите знаеја како да го приведат мечот во своја полза и да дојдат и до неочекувано висок триумф.

Мадо Ло брилјираше постигнувајќи 32 поени. Шилдс додаде 19, Мели 11, а Миротиќ имаше осум. Кај Звезда 18 поени за Давидовац и 16 за Недовиќ.

Во останатите дуели денеска, Монако славеше на гости кај Басконија со 75:77, додека Олимпијакос дома го победи Жалгирис со 89:72.

ПретходноПовторно проблеми: Репрезентативците не ги разбираат тактичките идеи на Нагелсман
СледноБаварците со голот на Кејн славеа против Келн (ВИДЕО)