Меѓународната тениска федерација (ИТФ) потврди дека Малага и Севиља ќе бидат домаќини на финалињата на Дејвис купот и Купот Били Џин Кинг во 2024 година.
Дејвис куп турнирот ќе се одржи по петтипат во Шпанија, откако пред неколку години беше сменет форматот на натпреварувањето.
Истиот ден беше објавено дека Севиља ќе биде домаќин на завршниот турнир следната година во женското издание на ова репрезентативно натпреварување.
Годинава домаќин беше Глазгов, додека пред тоа финалето се одржа во Прага.