Дејан Чолески е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија

157

Дејан Чолески е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија. На вонредното собрание на Карате федерацијата на Македонија, Чолески ја доби довербата на делегатите со 54 гласа.

На собранието биле присутни 58 делегати со право на глас, а 4 ливчиња биле неважечки. Чолески на оваа позиција ќе го замени Петар Белистојаноски, кој си поднесе оставка пред неколку недели.

Чолески е долгогидешен карате работник во Македонија и член на Извршниот одбор во периодот на најголемите успеси на карате спортот во нашата држава.

ПретходноАлегри по ремито со Интер: Најважно беше да не загубиме!
СледноИвановски не успеа да го мине првото коло на Челинџерот во Јакаичи