Славниот Луиџи Ди Бјаџо го менува Валенти на клупата во Брера Струмица!?

4811

Џовани Валенти е пред смена во Брера Струмица по лошите резултати во серија која го има клубот во последните неколку месеци. Клубот имаше старт од соништата со 4 победи во серија, но потоа влезе во резултатска и играчка криза по која од врвот на табелата сега е на позициите кои водат во опасната зона.

Тренерот Валенти кој е еден од најскапоплатените стратези во шампионатот на Македонија не успеа во континуитет да менаџира со клубот кој ги нема посакуваните резултати, пласманот под посакувањата на новите спонзори од Италија.

„СпортСпорт“ дознава дека Брера Холдингот подготвува нова бомба. Славниот Луиџи Ди Бјаџо е таргетот за наследник на Валенти на клупата во Брера Струмица. Поранешниот репрезентативец на Италија и член на Лацио, Рома, Интер, Бреша и Асколи би можел во зимската пауза да седне на клупата во Брера.

Тој беше селектор на младата селекција на Италија до 21 година, беше на клупата на СПАЛ, а работеше и во Динамо од Тирана.

До крајот на есенскиот дел Брера игра дома со Брегсалница и Шкупи, а гостува кај Работнички.

ПретходноКожув му посака добредојде на Даскаловски
Следно„Бејби Шек“ пренесен во болница, му откажал едниот бубрег!