Евгениј Поп Ацев заврши како деветопласиран на трката на 25 километри на ЕП во унгарскиот главен град Будимпешта.
Трката Поп Ацев ја заврши за 4 часа 37 минути и 34 секунди.
Трката ја доби французинот Аксел Рејмон кој што беше подобар од нашиот најдобар пливач на долги патеки за 1 минута и 34 секунди.
Претходно Поп Ацев настапи и на трката на 10 километри, и тогаш го осви 27. место.