Кога се игра големото дерби во Турција меѓу Бешикташ и Фенербахче (68:64), во било кој спорт, секогаш е “жешко“. Така беше и синоќа на кошаркарскиот меч меѓу овие две екипи. Атмосферата беше зовриена, а во еден момент Јам Мадар, кошаркарот на Фенер само падна на теренот откако беше погоден со паричка во главата, во пределот на окото. Веднаш му беше дадена лекарска помош, и имал среќа, малку недостигало да останел без тоа око.
Инаку Мадар беше миленик на фановите на Партизан во минатата сезона, но се раздели со “црно – белите“ на не толку пријателски начин а пред извесно време кога гостуваше во белградска Арена беше непријателски дочекан.
Интересно, и боите на Бешикташ се црно – бели.
Yam Madar was injured by an object thrown into the court in the game against Besiktas 😳pic.twitter.com/Ttw5jCMebq
— BasketNews (@BasketNews_com) December 2, 2023