Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино ќе продолжи да го чисти својот тим во текот на зимскиот преоден рок. Аргентинскиот стручњак не е задоволен од играчите кои ги има и сака да привлече најмалку тројца нови играчи во јануари.
Желбата на Покетино е клубот да се засили во секоја област. Тој сака нов дефанзивец, централен играч за врска и напаѓач.
Челзи е исклучително несигурен од почетокот на сезоната, се наоѓа на само 12-тото место во привремениот поредок со 26 постигнати и 26 примени гола. Иако статистиката не е добра и во двата погледи, тренерот повеќе се грижи за одбраната, каде што смета дека недостигаат играчи со доволна висина и моќ. Поради оваа причина, тој се повеќе ги користи и Леви Колвил и Аксел Дисаси во улога на бекови.
За да се исполни желбата на менаџерот, раководството на Челзи ќе мора да продаде дел од сегашните играчи за да го балансира нивниот буџет. Чалоба, Матсен и Мадуек се меѓу оние кои се поврзуваат со трансфер.










