Брза реакција на властите во Турција. Имено денеска е уапсен претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча поради напад на судијата Халил Умут Мелер во меч од 15.коло во Суперлигата за време на средбата меѓу Анкарагучу и Ризеспор.
Тој настан е топ – тема не само во Турција туку и воопшто во фудбалскиот свет. Покрај него уапсени се уште две лица кои се сомничат дека учествувале во претепувањето на судијата.
Инаку јасно е, барем спорет турските закони, на тепачот Коча му се заканува и затворска казна, а денеска во болница на судијата во посета му беше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој се заложи виновниците за овој скандал жестоко да се казнат.










