Големо засилување пристигна на Чаир. Офанзивецот Дарко Додев (25), како што дознава “СпортСпорт“ потпиша за Шкупи и тоа двогодишен договор. Сега останува само чаирчани да се пофалат официјално и да го промотивараат.
Инаку Ддодев до пред некој ден беше член на Влазнија од Албанија, но си замина од таму и покрај тоа што имаше повеќе понуди, тој ја одбраа онаа на Шкупи.
Досега во својата кариера Додев играше и за Металург, Силекс, Тиквеш, Брегалница и како што рековме Влазнија.
Нема што, Шкупи доби сериозно, огромно засилување во офанзивата.