По се она што се случуваше во последните кола во ПМФЛ во есенскиот дел, кога имаше многу грешки од страна на судиите се огласија неколкку клубов. А тоа денеска го направи и Шкендија, која излезе со своја реакција и побара под итно да се воведе ВАР во ПМФЛ.
Соопштението на Шкендија ви го пренесуваме во целост:
ФК Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судиската област во локалниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно опкружување и ќе помогне да се спречат произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта.
Веруваме дека оваа акција ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра.