Брињоне триумфираше во супервелеслаломот во Вал д’Изер

66

Италијанска еден-два победа во супервелеслаломот во Вал д’Изер во рамките на Светскиот куп. Федерика Брињоне ја победи конкуренцијата и ја забележа третата победа сезонава во СК по двата триумфи во велеслаломот во канадскиот Тремблан. Инаку тоа е нејзина 24. победа во СК.
А Софија Гоџа и покрај тоа што се пожали на грип, сепак успеа да ја извози трката и заврши на третото место со 59 стотинки послабо време од Брињоне. Втора е норвешката скијачка Викоф Касја Ли со 44 стотинки послабо време од победничката.
Во топ 5 се Корнелија Хитер и Мишел Гисин.

ПретходноЧави: Сигурно сме најлоши во Европа во реализација на шанси
СледноСидорф ќе истепаше противнички играч на ревијален меч