Кике Санчез Флорес е новиот тренер на Севиља

95

Познат е наследникот на Диего Алонсо на клупата на Севиља. Тоа е искусниот Кике Санчез Флорес со кого е потпишан договор до 2025 година.
Севиља како последна во групата во ЛШ ги заврши настапите во Европа, а во Ла Лига исто така не игра сјајно затоа што има само 13 бода (две победи) и е веднаш над црвената зона. Десет меча андалузиската екипа не знае за победа, а во таа серија има четири порази вклучувајќи го и катастрофалниот од Хетафе со 0:3 на домашен терен во саботата.

Санчез Флорес претходно работеше во Хетафе, Ватфорд, Шангај Шенхуа, Еспањол, Ал Аин, Ал Ахли, Атлетико Мадрид, Бенфика, Валенсија и младиот тим на Реал Мадрид.
Како тренер на Атлетико ја освои Лига Европа и Суперкупот на Европа, со Ал Ахли и Ал Аин куповите на Саудиска Арабија. Со Бенфика Лига купот на Португалија.
Дебито како тренер на Севиља, Флорес ќе го има на 19 декември на гости против Гранада.

ПретходноЛегендата Рикелме е избран за нов претседател на Бока Јуниорс
СледноМурињо: На некои луѓе не им е местото во Манчестер Јунајтед