Џирона продолжува да ја живее својата бајка. Кој ли само можеше да претпостави дека по 17.коло во Ла Лига, токму овој тим, овие играчи со Мичел на клупата, ќе бидат лидери на табелата. И тоа со 44 бода, два повеќе од Реал Мадрид и дури девет повеќе од својот каталонски сосед, големата Барселона.
Никој, апсолутно никој!
Но шмекерите од Џирона се таму, сега се и кандидати за титулата, а како и не би кога го играат веројатно најубавиот фудбал во Европа.
Вечерва Алавез беше само попатна станица за да се дојде до нова победа, до нови бодови. Во целост беше надигран, совладан, “торпедиран“ со 3:0.
Стрелци на головите беа Довбик во 23.минута, Порту зголеми на 2:0 во 42.минута а Довбик повторно стрелаше во 53.минута за 3:0 и тоа од пенал.
Каква Џирона? Фантастична Џирона!