Работнички од денеска во Охрид

381

Фудбалерите на Работнички од денеска па се до 27 јули, во Охрид ќе ја одработат главната фаза од текот на летните подготовки. Четата на стратегот Аександар Влахо ќе одигра и три пријателски натпревари, и тоа со Ренова, Охрид и Гњилане, три теста кои и тоа како ќе му бидат добредојдени на стручниот штаб да има увид во моменталната форма на својот тим.

Инаку Работнички и дефинитивно во наредната сезона ќе настапи со драстично изменет и подмладен состав во однос на минатата. Си заминаа најмалку десет играчи, но исто така донесени се неколку нови имиња, ќе има уште засилувања. Се чини дека во наредната 2021/22 сезона, тимот од Градски парк ќе го има најмладиот состав во нашата елитна лига.

Досегашните пријателски покажаа дека тимот се уште треба да се воигрува, дека е далеку од потребната форма. И затоа до 7/8 август, кога стартува новата сезона, секој пријателски меч, секој одработен тренинг е многу важен за “романтичарите“.

ПретходноМакедонија со триумф над Србија
СледноВоска Спорт ќе се “тестира“ со Борец, Македонија ЃП, Тетекс, Охрид…