Пелистер се засили со Вилдан Керим

1239

Битолски Пелистер на првиот ден од новата 2024 година информираше дека од денес ново засилување за „зелено-белите“ е искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим.

Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.

ПретходноЗа крај на 2023 година: Падна светскиот рекорд на 5 километри!
СледноОфицијално: Ван де Бек е нов фудбалер на Ајнтрахт (Ф)