Денеска на програмата се шест натпревари од Европското ракометно првенство во Германија.
Во групата Д ќе играат Норвешка – Полска и Словенија против Фарски Острови. Норвежаните се апсолутни фаворити не само за победа против Полска, туку и за титулата на европската сцена. Се очекува во трката за второто место да бидат Полска и Словенија. Фарските Острови дебитираат на ЕП и им се даваат најмали шанси за победа.
Актуелните европски шампиони Швеѓаните ќе стартуваат против Босна и Херцеговина во „САП арената“ во Манхајм и влегуваат како апсолутни фаворити. Обложувалниците дури очекуваат победа на Шведска со двоцифрена разлика. Во оваа група ќе играат уште Холандија и Грузија.
ДЕНЕСКА НА ЕП
ГРУПА Е
ХОЛАНДИЈА – ГРУЗИЈА 18:00 ч.
ШВЕДСКА – БИХ 20:30 ч.
ГРУПА Д
СЛОВЕНИЈА – Ф.ОСТРОВИ 18:00 ч.
НОРВЕШКА – ПОЛСКА 20:30 ч.
ГРУПА Ф
ПОРТУГАЛИЈА – ГРЦИЈА 18:00 ч.
ДАНСКА – ЧЕШКА 20:30 ч.