Кошаркарите на Партизан го совладаа тимот на Макаби Тел Авив со 88:79 во „Штарк Арена“ во дуелот од 21. коло на Евролигата во меч во кој приредија неверојатен пресвртч.
Партизан изгледаше целосно скршено, распрскано на паркетот во првиот дел кога гостите успеаја да направат предност од 24 поени и да најават голем триумф пред преполата арена. Сепак, момците на Обрадовиќ приредија незаборавно второ полувреме, во кое не само што надоместија длабока негатива, туку н акрајот дојдоа и до убедлива победа.
Пи Џеј Даузер беше најефикасен играч на Партизан со 23 постигнати поени, 20 постигна Џејмс Нанели. Во Макаби Вејд Болдвин со 19 беше најдобар на паркетот.
На останатите дуели вечерва беа постигнати следните резултати:
Анадолу Ефес – В. Болоња 99-75
Барселона – Жалгирис 91-73
Басконија – Олимпијакос 80-69