Нема ново чудо од Ф. Острови, Чешка ја декласира Грција, БиХ со нов пораз!

340

И покрај добрата игра, големата поддршка од трибините на “Мерцедес – Бенц Арената“ во Берлин, нема ново чудо од Ф. Острови. Полска сепак покажа квалитет и успеа да победи со 32:28, со тоа го остави Скипатогу и другарите на само еден бод, оној освоен против Норвешка.

Сичко и Шчипрак со по 9 голови беа тие кои ја донесоа победата на селекцијата на Полска. Кај поразените Теигум постигна 10 голови а Скипатогу запиша девет реализации и беше прогласен за играч на натпреварот.

Чешка немаше никакви проблеми со Грција, се виде разлика во класа и успеа да дојде до победа од 29:20. Стерба со 7 голови беше најефикасен ка победничкиот состав. Сепак бадијала ова победа за Чесите, во следната рунда на ова ЕП одат Португалија и Данска.

Трет меч и трет пораз за селекцијата на БиХ. Овојпарт поразени се од селекцијата на Грузија со 19:22.

ПретходноИзраелски репрезентативец ќе биде депортиран од Турција поради оваа прослава на гол
СледноВардар потврди дека Јусуфи замина во Гостивар!