Франциија со пет максимални победи ја заврши втората фаза на ЕП, откако вечерва во Келн славеше и над Унгарија со 35:32 во последното коло од групата „1“. Унгарците кои се бореа за место во полуфиналето, со овој пораз ги загубија сите шанси, па Германија без разлика на епилогот на мечот со Хрватска им се прикличи на Данска, Шведска и Франција во полуфиналната битка.
Унгарците вечерва го претрпеа само вториот пораз во пресметките со Франција на европските шампионати. Освен во воведните 10-тина минути кога имаа предност, Унгарците во комплетниот тек на дуелот беа во негатива. Франција на крилата на Ремили кој опостигна 7 гола и Дика Мем со 6 успеа да ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата. Кај Унгарија денеска Банхиди и Роста со по 5 гола беа најефикасни.