Македонскиот интернациоиналец Лука Здравковски со својот нов тим Рокдеил Илинден од Австралија се закити со пехар. Одбранет е трофејот во традиционалниот Масо куп, организиран помеѓу македонските екипи на далечниот континент, а Рокдеил Илинден секако како најдобар македонски клуб нормално е истиот и да го освои.
Македонските иселеници во Австралија имаат долга традиција кога станува збор за фудбалот, а Рокдеил Илинден во моментов е дел од второлигашката конкуренција. Секако, од таму низ годините добивме многу интернационалци и репрезентативци од типот на Даниел Георгиевски, преку младинските репрезентативци, Кулески, Стефан Чолаковски и многу други. Здравковски исто така е наш некогашен младински репрезентативец .