Македонија денеска во баражот за пласман на СП 2025 за ривал ја доби селекцијата на Ф. Острови, селекција која беше хит на ова ЕУРО 2024.
Така сакаше ждрепката денеска во Келн, секако ова е незгоден ривал, можеше да биде многу полесно, но ние сме убедени дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе можат да ја минат оваа пречка.
Познато е дека првиот меч се игра на гости на 8 мај, додека реваншот се игра на наш терен на 12 мај.
Да потсетиме дека Македонија беше носител на ждрепката.
Кога сме кај СП 2025, кое е закажано за 14 јануари до 2 февруари и ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, во случај да успееме да се пласираме со тоа го продолжуваме континутитетот на настапи на големи натпреварувања.
Инаку средбите од првиот бараж се закажани во март, додека оние финалните, како што веќе напоменавме се играат во мај кога игра и Македонија.
Најинтересно ќе биде на двомечот меѓу Шпанија и Србија.