Французинот Алегре е изненадувачки победник на Супер Џи во Гармиш

72

Французинот Нилс Алегре е победник на супервелеслаломот кој денеска се возеше во рамките на Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен. Алегре изненадувачки стигна до својата прва победа во кариерата.

По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и Супер Џи трката во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја извојува првата победа и да направи големо изненадување.

Французинот имаше 18 стотинки подобро време од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување.

Во генералниот пласман води Одермат со 1.306 бодови, а Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови.

ПретходноТројка клучни играчи на Ливерпул ќе заминат заедно со Клоп?
СледноДенвер ја совлада Филаделфија, Ембид петта година по ред „избегна“ дуел со Јокиќ